Стронгмен диета од 20.000 калории
Брајан Шоу е трикратен победник на титулата „Најсилниот човек на светот“ .Сепак, покрај тоа што е неверојатно силен, овој човек може да се пофали и со нешто друго.
За да ја потроши неговата неверојатна сила и импресивната физичка подготвеност, Брајан Шо согорува над 10.000 калории на ден !!!
Неговиот појадок содржи минимум 10 јајца, а понекогаш има и повеќе. Покрај неверојатно висококалоричниот појадок, Брајан има уште 6 висококалорични оброци, а во текот на денот јаде скоро еден килограм месо, најчесто говедско.
Исхраната на Брајан е ретко кој може да ја издржи, особено затоа што толку голем број калории е многу тешко да се јаде. Сепак, тоа не го спречува да јаде „илјадници“ калории секој ден.
Верувале или не, тој дневно јаде слична количина калории, која храни просечен коњ од 500 кг. Брајан внесува 10,000 калории, додека коњот е малку подобар- со 13.000 калории.
Колку јаде Брајан всушност можеме да видиме кога ќе го споредиме со другите спортисти.
Тенисерот Енди Мареј согорува 3.200 калории на ден, Арнолд Шварценегер троши 5000 калории во своите најдобри години, Двејн Џонсон Рок троши 5.500 калории, а велосипедист на Тур де Франс околу 8000 калории.
Овој пат, Брајан сакаше да ги тестира своите граници и да проба специјална диета на Строгмен, која бара од него да внесе 20.000 калории за еден ден. Брајан вели дека тој едвај го направил тоа и дека ова е вистинска тортура, и ако сакате да видите што треба да јадете за да ги согорите овие калории, тогаш погледнете го видеото: