Судиска анализа на ФФМ: Четири грешки во ПМФЛ и ВМФЛ


Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 16 коло на ПРВА МФЛ и ги донесе следните заклучоци:

На натпреварот  ФК Силекс - ФК Струга Трим Лум одигран на 26.11.2022 година, анализирани се ситуациите од  9, 20 83 и 90+2минута.

Главен судија: Александар Грујоски. Помошни судии: Куштрим Лика и Зоран Јанкулоски.

9 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Досуден удар од 11 метри)

Играч од екипата на гостите  беше во посед на топката  во шеснаесетникот на домакините, играш од одбраната на домаќините го повлече со раце играчот од нападот на гостите спречувајки го во нападот и направи прекршок.

Исправна одлука на главниот судија, досуден удар од 11 метри за екипата на гостите и доделен жолт картон за играчот на домакините за недозволен старт (влечење).

20 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Доделен втор жолт (ЦРВЕН) картон)

Играч од екипата на гостите беше во посед на топката и на него (на нога) со јак интензитет, неспортски стартуваше играч од екипата на домакините и направи прекршок.

Исправна одлука на главниот судија, досуден слободен удар за гостинката екипа и доиделен жолт картон за играчот на домакините за неспортски старт, бидејки тоа беше втор жолт картон за играчот, автоматски му беше доделен ЦРВЕН картон.

83 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (Недосудено офсајд позиција)

Играч од екипата на домакините центрираше во шеснаесетникот на екипата на гостите, при центаршутот негов соиграч беше во линија со предпоследниот играч од одбраната на гостите, ја прими топката и постигна гол.

Исправна одлука на вториот помошен судија, голот е регуларен, бидејки играчот при центаршутот од својот соиграч се наоѓаше во дозволена позиција (во линија со предпоследен одбранбен играч).

90+2 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ( Доделен жолт картон)

Предпоследен играч од екипата на гостите додаде топка кон својот голман, во истиот момент играч од екипата на домакините тргна кон голманот за да дојде до топката, но беше спречен со туркање со телото од одбранбениот играч кој се наоѓаше пред играчот.

Исправна одлука на главниот судија, досуден слободен удар за екипата на домакините и доделен жолт картон за играчот на гостите за недозволен старт . Во оваа ситуација доделен е само жолт картон бидејки играчот на гостите ја немаше топката во свој посед и не беше во ситуација да стигне пред голманот за да  игра со топката.

На натпреварот ФК Работнички- ФК Македонија Ѓ.П одигран на 27.11.2022 година, анализирана е ситуацијата од 50 минута.

Главен судија: Александар Ставрев. Помошни судии: Дејан Костадинов и Гоце Петрески.

50 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА ( Досудено офсајд позиција)

Играч од екипата на гостите беше во посед на топката пред шеснаесетникот  на домаќините и додаде топката до свој соиграч, кој во моментот на додавање беше понапред од предпоследниот играч од  одбраната на домакините, истиот ја прими топката и постигна гол.

Исправна одлука на вториот помошен судија, досудено, голот е поништен, досудено е индиректен сл.удар (офсајд) за екипата на домаикините, бидејки играчот на гостите при додавањето на топката од соиграчот се наоѓаше во недозволена позиција.

На натпреварот ФК Скопје – ФК Академија Пандев одигран на 27.11.2022 година, анализирани се ситуациите од 78 и 84 минута.

Главен судија: Јован Качевски. Помошни судии: Слаѓан Марковски и Александар Ѓорѓески.

78 минута: ДОБРА ПРОЦЕНА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Недосуден удар од 11 метри)

Играч од екипата на домакините додаде топка во шеснасетникот на гостите, на неа тргнаа двајца противнички играчи, пред играчот од нападот на домакините да ја удри топката одбранбениот играч од екипата на гостите ја изби со нога и топката го удри во глава играчот.

Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи,иако играчите беа еден до друг, немаше никаков контакт  помеѓу одбранбениот играч на гостите и играчот од нападот на домакините, топката беше чисто избиена од одбраната.

84 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (Недосудено офсајд позиција)

Играч од екипата на домакините  центрираше во шеснаесетникот на гостите, негов соиграч со глава ја додаде топката до свој соиграч, кој во моментот на додавање беше во линија со предпоследниот играч од одбраната на гостите, ја прими топката и постигна гол.

Исправна одлука на првиот помошен судија, голот е регуларен бидејки во момент на додавање на топката од соиграчот, играчот што постигна гол беше во дозволена позиција (во линија со предпоследниот играч од одбраната на гостите).

На останатите натпревари од ПРВА МФЛ немаше спорни ситуации за судиска анализа.

Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 13 коло на ВТОРА МФЛ и ги донесе следните заклучоци:

На натпреварот ФК Саса – ФК Караорман одигран на 26.11.2022 година анализирана е ситуацијата од 80 минута.

Главен судија: Влатко Илиоски. Помошен судија: Петар Степаноски и Николче Дрнковски.

80 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Недосуден удар од 11 метри)

Играч на домакините беше во шеснасетникот на екипата на гостите и шутираше кон голот, во тој момент играч од екипата на гостите со грбот беше свртен со грб за  да ја блокира топката и со рацете до тело, топката при шутот го удри во тело и рака (природна положба) играчот на гостите.

Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи бидејки раката на играчот беше до телото во природна положба.

На натпреварот ФК Воска – ФК Охрид одигран на 26.11.2022 година анализирани се ситуациите од 26, 35, 37 и 90+5 минута.

Главен судија: Доне Ристовски. Помошен судија: Тоше Ицев и Иван Танев.

26 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ( Досуден слободен удар)

Играч од гостите центрираше во шеснаесетникот на домакините, топката дојде до негов соиграч кој го турна противничкиот играч кој се наоѓаше пред него (спречувајки го да игра со топката) и постигна гол.

Исправна одлука на главниот судија, голот е поништен, досуден е слободен удар (туркање) за одбраната на домакините.

35 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА ( Недосудено офсајд позиција)

Играч од екипата на домаќините додаде топка до свој соиграч, кој во момент на додавање беше во линија со предопследниот играч од екипата на гостите, истиот ја прими топката и постигна гол.

Исправна одлука на вториот помошен судија, голот е регуларен бидејки во моментот на додавање на топката од својот соиграч, играчот на домакините беше во дозволена позиција (во линија со предпоследен играч од одбраната на гостите).

37 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА ( Не е дадено правилна информација за дисиплинска мерка)

Пред да се изведе почетен удар за екипата на гостите, играч од екипата на домакините неспортски (со интензитет) го турна во градите играчот од екипата на гостите, главниот судија беше свртен со грбот и ја немаше ситуацијата во прегледност.

Во оваа ситуација главниот судија доделува ЦРВЕН картон бидејки гледа крв на лицето на играчот на гостите, меѓутоа целата ситуација се одвива пред вториот помошен судија, но главниот судија не добива правилна информација од него за да се додели жолт картон, бидејки туркањето беше во гради.

Вториот помошен судија мора да биде многу повеке проактивен и повеке концентриран во оваа ситуација, бидејки пред да се изведе почетниот удар по постигнување на гол, имаше многу тешка офсајд ситуација каде што донесе исправна одлука.

На натпреварот ФК Гостивар –ФК Детонит одигран на 26.11.2022 година анализирана е ситуацијата од 88 и 90+4минута.

Главен судија: Александар Василевски. Помошен судија: Бојан Андевски и Александар Ѓурковски.

88 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Недосуден удар од 11 метри)

Играч од екипата на домакините беше во посед на топката странично од голот во 16 – сетникот на гостите, играч од одбраната на гостите направи лизгачки старт на топка и играчот од нападот на домакините падна пред да има контакт со одбранбениот играч, сакајки да симулира удар од 11 метри.

Исправна одлука на главниот судија и добра соработка со вториот помошен судија (добива исправна информација дека нема контакт за удар од 11 метри) што не досуди удар од 11 метри, во оваа ситуација главниот судија требаше да додели жолт картон за играчот на домакините за симулација.

90+4 минута:ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Недосуден удар од 11 метри)

Играч од екипата на домакините прима топка во 16 – сетникот на гостите и при приемот на топката (со грб свртен спрема голот) губи контрола и паѓа, позади него стои противнички одбранбен играч и нема никаков контакт помеѓу нив.

Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејки играчот падна сам и немаше никаков контакт помеѓу него и играчот од одбраната на гостите.

На натпреварот ФК Беласица–ФК Кожуф одигран на 26.11.2022 година анализирана е ситуацијата од 76 минута.

Главен судија: Јосип Бартон. Помошен судија: Дејан Димитриевиќ и Бојан Ивановски.

76 минута:ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Досуден удар од 11 метри)

Играч од екипата на гостите центрира топка во шеснаесетникот на домакините, играчот од одбраната на домакините го турна од позади грб играчот од нападот на гостите, пред да може да игра со топката.

Исправна одлука на главниот судија, досуден удар од 11 метри за недозволен старт (туркање),  во оваа ситуација главниот судија треба да додели и дисциплинска мерка жолт картон за туркање на играчот од одбраната на домакините.

На натпреварот ФК Пехчево –ФК Пелистер одигран на 26.11.2022 година анализирани се ситуациите од 1, 44 и 78 минута.

Главен судија: Стојанче Стојанов. Помошен судија: Петар Новачев и Роберт Црвенов.

1 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Недосуден удар од 11 метри)

Играч од нападот на гостите прими топка во шеснаесетникот на гостите со грб свртен спрема голот, дојде до минимално туркање од одбранбен играч од екипата на гостите, по тој минимален контакт играчот падна.

Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејки контактот беше минимален и недоволен за удар од 11 метри.

44 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (Не досудено офсајд позиција)

Центрирана топка од слободен удар во шеснаесетникот на гостите, играч од нападот на домаќините при центаршутот беше понапред од предпоследниот играч од одбраната на гостите и постигна гол.

Погрешна одлука на првиот помошен судија, играчот при центаршутот беше во недозолена (офсајд) позиција, требаше да се досуди индиректен слободен удар за екипата на гостите.

76 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Досуден удар од 11 метри)

Играч од екипата на гостите прими топка во шеснаесетникот на гостите, играч од одбраната на гостите со колено во пределот на ногата (надколеницата) направи прекршок над играчот од нападот на гостите.

Исправна одлука на главниот судија, досуден удар од 11 метри за неспортски старт, прекршок со колено во предел на нога (надколеницата).

На натпреварот ФК Тетекс – ФК Вардар одигран на 26.11.2022 година анализирана е ситуацијата од 56 минута.

Главен судија: Миле Лазов. Помошен судија: Давор Дишлиевски и Ване Дупкаров.

56 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Досуден удар од 11 метри)

Играч од екипата на гостите додаде топка во шеснаесетникот на домакините, топката дојде до негов соиграч и пред да игра со топката беше турнат од позади грб од играч од одбраната на домакините.

Исправна одлука на главниот судија, досуден удар од 11 метри за екипата на гостите, поради недозволен старт (туркање од позади грб) и доделен исправно жолт картон за играчот од одбраната на домакините.

На натпреварот ФК Беса – ФК Борец одигран на 26.11.2022 година анализирана е ситуацијата од 59 минута.

Главен судија: Христијан Божиновски. Помошен судија: Александар Недевски и Дарко Видиниќ.

59 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Доделени ЦРВЕНИ картони)

Во тек на игра двајца противнички играчи започнуваат меѓусебно кошкање и удирање.

Исправна одлука на главниот судија, доделени ЦРВЕНИ картони за двата играча за меѓусебно удирање.

На натпреварот ФКСлога-ФК Арсими немаше спорни ситуации за судиска анализа.

Информација за изгубено време:

Изгубеното време на сите натпревари во МФЛ останува според правилата на фудбалската игра, додека изгубеното време кое е  актуелно на натпреварите од светското првенство  се спроведуваат моментално само за ова натпреварување.