Свечено отворена првата моно-бренд продавница KARL LAGERFELD во Skopje City Mall: Добредојдовте во светот на KARL LAGERFELD.

Нени Компани е компанија која повеќе од 30 години застапува светски реномирани модни брендови, достапни во мултибренд продавниците CITY FASHION. На 3 април, Нени Компани официјално ги отвори вратите на првата моно-бренд продавница KARL LAGERFELD во регионот.

На првиот кат во Skopje City Mall, свечено беше отворена првата продавница на иконскиот бренд KARL LAGERFELD. Официјалното отворање беше проследено со ДЈ сет во живо и на истото присуствуваа голем број на гости, меѓу кои и јавни личности. 
­­­­­

Модната куќа KARL LAGERFELD ја дели визијата и дизајнерската естетика на нејзиниот основач Karl Lagerfeld, спој на современ и прогресивен дух. Брендот го слави неговото колосално наследство и ја вдишува неговата страст, интуиција и неисцрпна креативност. Следователно на сето тоа и новоотворената продавница нуди едно поинакво автентично шопинг искуство.

*пр-објава