„Светот седи дома, а вие барате од мене да се борам„: Порача Кабиб
Nа 18. април требаше да се одржи мечот помеѓу Кабиб Нурмагомедов и Тони Фергусон, ама поради коронавирусот се откажа.
Нурмагомедов нема да може да се бори против Фергусон бидејќи Русија пред неколку дена ги затвори границите.
Сепак, Кабиб доби критики од Фергусон кој порача дека Дагестанецот се плаши и бега од борбата.
„Изнервиран сум! Можеше да биде тука. Беше во Абу Даби, имаше шанса да се врати пред Русија да ги затвори границите. Сепак, тој одлучи да оди во Дагестан и да не го заврши кампот. Тој човек не сака да се бори, исплашен е и бега. Треба да му се одземе појасот. Истата работа ја направи пред УФЦ 209. Беше со семејството, знаеше дека не симнува добро килограми. Зарем ова не е бегање!? Побегна од борбата. Кабиб е пи**а!“, изјави Фергусон.
Но, се огласи и Кабиб кој побара спортскиот свет да го разбере.
„Додека седев дома и ги читав реакциите на луѓето излегува дека цел свет треба да се дома, а Кабиб е единствениот ослободен кој треба да лета низ светот само за една борба? Јас разбирам и сум разочаран повеќе од вас за откажувањето. Имав навистина многу планови за после борбата, но не можам се да контролирам. Најголемите компании низ светот се шокирани од тоа што се случува, ситуацијата се менува секој ден, но Кабиб мора да се бори, тоа го кажувате? Чувајте се и обидете се да се ставите во моја кажа“, гласи реакцијата на Кабиб.