Таа е „пума“ која обожава помлади мажи и од кои не може да крене глава: „Дами, не грижете се, нема да се омажам за ниту еден од нив!“ (ВИДЕО)

Тара е 50-годишна дама која постави строги правила за идеален партнер

Поимот за разлика во возраста во врската е често дискутабилен. Додека едни сметаат дека „љубовта не брои години“, други се на мислење дека големата разлика во години е пречка за љубовта, особено ако жената е таа што е постара. Сепак, Тара (50) е дама која гордо се нарекува себеси пума, бидејќи нејзиниот избор на партнер фаворизира помлади момци.

Тара стана многу следена на социјалните мрежи кога почна да објавува содржини на тема љубовни врски, како и што очекува од помладите партнери. Таа е жена со долга руса коса и очи, идеална градба и редовно ги истакнува своите атрибути. Црни хеланки, црн горен дел со длабоко деколте и карирана кошула врзана под градите беа нејзиниот стилски избор идеален за помладите мажи кои ја обожаваат.


Иако многу жени не одговараат на несоодветни коментари со омраза, Тара реши да се соочи со сите оние кои ја сметаат за „оштетена роба“ или „крадачка на сопругзи“.

- Јас сум горда „пума“, хејтерите велат дека сум „оштетена стока“, но не знаат дека не можам да се ослободам од помладите партнери. Еден човек се обиде да ги „предупреди“ другите дека треба да избегаат без разлика кога ќе налетаат на мојот профил. „Само погледнете и трчајте! Ваквите жени се оштетена стока." Мажи, ако барате некој кој е емотивно стабилен, финансиски добро ситуиран, забавен и толерантен, тогаш признавам, јас сум „виновна". Исто така, дами, ако се плашите дека сакам да се омажам за помлад дечко, не треба да се грижите. Тоа не ми е поентата. Сакам некој со кој ќе поминувам квалитетно време, но не сакам да се омажам, така да на сигурно сте - објасни Тара во нејзиното видео, а за неа пишува и „The Sun“.

Иако оваа жена има многу фанови, поточно дури 844.000 фанови на „Тик-Ток“, таа откри дека сѐ уште е во потрага по совршениот партнер и одбива да се задоволи со ништо друго. Според неа, тоа значи дека треба да биде некој кој е компатибилен со нејзиниот животен стил на сите нивоа, бидејќи вели дека старее и не сака да го губи времето само со било кој.


Извор: srecna.republika.