Таа е родена сестра на Бритни Спирс: Како изгледа и со што се занимава Џејми(ФОТО)

Драмата во животот на поп принцезата Бритни Спирс никако да стивне, најновите обвинувања се дека ја нападнала својата куќна помошничка.
Но, дали знавте дека Спирс има сестра којато патем имапоголема нето вредност од неа?!

Сестрата на мега популарната Бритни Спирс, Џејми Лин Спирс (29) е популарна актерка и пејачка.

Сестрите се појавија заедно неколку пати во јавноста. Иако не се зборува многу за Џејми, според странските медиуми, нето-вредноста на помладата сестра Спирс е далеку поголема од онаа на Бритни.

Нето-вредноста на Бритни Спирс во 2020 година беше 59 милиони долари, а на Џејми 70 милиони долари.


Таа се здоби со популарност во тинејџерскиот ситком „Zoey 101“, како и во серијата „ Sweet Magnolias“.

Со јавна работа започнала во 2002 година, кога имала само 12 години. Сепак, таа паузираше помеѓу 2008 и 2013 година, но последните години се посвети на глумата и пеењето.

Со оглед на тоа што изгледаат многу слично и сега има поголема нето вредност од нејзината сестра, многумина се прашуваат дали ќе ја надминат планетарната популарност на славната Бритни. 

Џејми е во брак со Џејми Вотсон од 2014 година и има две деца Меди Брајан Олдриџ и Ајви Џоан Вотсон. Тие неодамна ја прославија годишнината, која таа ја објави на социјалната мрежа Инстаграм.


Фото: Инстгарам/jamielynnspears