Тајната на елитниот пливач што му овозможува да биде рекордер на 66-годишна возраст
Како и повеќето врвни пливачи, и Филип А. Џанганг израснал со пливање, учејќи да плива од својата десетта година, се натпреварувал за колеџот, а потоа, како што е претежно случај во овој спорт, правел пауза од натпреварувачката работа ...
Сепак, цивилниот научник во американската армија, никогаш не се откажал од вежбање. "Јас вежбам физички тренинг, склекови, сквотови, трчам триатлони и играм тенис. Пливав за време на паузата, но не се натпреварував".
Овој човек се врати во натпреварувачкиот сегмент во 1999 година на 45-годишна возраст и сега има 15 мастерси во САД и десет индивидуални светски рекорди.
"Мојата тајна состојка е дека го учам својот спорт", додаде Филип, кој сега има 66 години. Резултатите и времињата сериозно се влошуваат со текот на годините, и ова станува најочигледно кога пливате на пократки растојанија. За да се справите со ова, тој се определи за модерна стратегија на ултра-кратки тренинзи за трки, во кои плива многу напорно, со осумдесет до деведесет проценти од максималниот капацитет, во пократки интервали од две до десет минути. Овој вид вежба има смисла за него, како што нагласува „Тренирам како да се тркам, со голем број интензивни проби на мојата целна изведба“.
Овој човек ја студира анатомијата, кинезиологијата и спортска медицина, што го натера да активира дури и најмали можни мускули во неговиот спорт. Зајакнувањето на ротаторската манжетна е клучот, рече тој, особено затоа што пливачите имаат најмногу проблеми во овој дел. На крај заклучи: "Фитнесот е резултат на навика. Вежбам секој ден, исто како да ги мијам забите".