Таму му дозволија престој: Новак Ѓоковиќ се враќа на терен овде

Монако, каде живее Ѓоковиќ, им дозволува на меѓународните патници со доказ за прележан Ковид-19 во последните шест месеци престој во нивната земја. Ѓоковиќ изјави дека во декември по втор пат бил позитивен на корона вирусот.

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе ги започне подготовките за одбрана на титулата на Ролан Гарос следниот месец со настап на АТП Мастерсот во Монте Карло.

Освојувачот на 20 грен слем титули не настапи на Австралија опен во јануари бидејќи не бил вакциниран против ковид-19, а поради истата причина не настапува на Мастерсот во Индијан Велс и ќе го пропушти турнирот во Мајами.

- Новак својата сезона ќе ја отвори во 2022 година во Монте Карло, каде двапати ја освои титулата на Мастерсот 1000, 2013 и 2015 година - стои во соопштението на веб-страницата на Ѓоковиќ.

Мастерсот во Монте Карло се игра од 10 до 17 април и ќе биде втор турнир годинава за Ѓоковиќ, кој минатиот месец загуби во четвртфиналето на АТП турнирот во Дубаи.

Франција ги олабави ограничувањата за „Ковид-19“ овој месец, а сертификатите за вакцинација веќе не беа потребни од 14 март, што ја отвори вратата за Ѓоковиќ да ја одбрани титулата на Ролан Гарос закажана за мај.


Фото: Youtube - screenshoot - Sport Klub