Таткото ја напуштил мајка ѝ во четвртиот месец од бременоста: Инспиративната животна приказна на Наоми Кемпбел
Многумина не можат да претпостават колку години има оваа позната модна икона и каква инспиративна приказна крие нејзиниот живот
Принцезата на модната писта од деведесеттите години, Наоми Кембел во мај ќе наполни 51 година но малкумина се осмелуваат да ѝ припишат толку многу. Многумина ќе се согласат дека со годините Црната Пантерка изгледа подобро и подобро и изгледа дека времето ѝ годи.
Црниот бисер во модната индустрија, во моментов се наоѓа во љубовна драма, поради тужбата од нејзиниот неколкугодишен партнер и милијадер кој бара да му врати три милиони долари.
Наоми е една од првите црни жени која има постигнато таква завидна кариера во светот на модата и оваа убавина со карибско-кинеско потекло има многу интересна животна приказна.
Родена е во Лондон, Англија на 22 мај 1970 година и пораснала само со нејзината мајка Валерија Морис, таткото ја напуштил мајката на Наоми во четвртиот месец од бременоста. Мајка ѝ била танчарка од Јамајка.
Наоми е првиот црн модел во светот што ја предводеше насловната страница на престижниот моден магазин Vogue.
Нејзиното прво појавување во јавноста беше во спотот за песната на Боб Марли „Is This Love“.
Кога ја започна својата модна кариера, таа имаше едвај 15 години, а со текот на годините беше и пејачка, актерка и авторка. Студирала на лондонската академија за изведувачки уметности.