Таткото на Бритни Спирс потпиша разрешување за старателството над ќерката: Еве што наведе како причина

Иако досега само се шпекулираше, Џејмс Спирс денеска предаде потпишани документи во кои бара да се реши улогата на старател на неговата ќерка Бритни.

Според Ен-Би-Си, тој како причина навел дека „околностите се промениле“ и дека „веќе нема основа за старателство“ над 39-годишната американска поп-sвезда.

За потсетување, одлуката за старателство беше донесена пред 13 години откако Бритни во неколку наврати заврши на рехабилитација, од каде што секогаш бегаше, ги нападна папараците и ја избричи главата.

Спирс за прв пат се обрати на суд пред неколку месеци, посочувајќи дека нејзините родители ја искористиле својата супериорна положба за да соберат големи суми пари, како и дека сакала да ги тужи затоа што „и го уништиле животот“, а тоа старателство и донесе „повеќе штета од корист“.

Движењето „Ослободете јуа Бритни“, предводено од обожавателите на пејачката, ја натера јавноста да се запознае со нејзиниот случај и да ги разбере условите во кои живее со години далеку од медиумите, иако има и такви кои веруваат дека Спирс ќе се врати на „стар начин на живот“ штом повторно излезе од контрола.