Таткото на Новак: Мојот син ќе биде најдобар тенисер на сите времиња
Срѓан Ѓоковиќ настапи како гостин на Радио Белград 1 и рече дека Новак ќе биде најдобриот тенисер на сите времиња.
Тој додаде дека неговиот син нема да престане да игра тенис се додека не ги сруши сите тениски рекорди.
„Им се обраќам на оние луѓе кои ценат сè што прави мојот син, и сигурен сум, повеќе од 95 проценти од нашите нормални луѓе. Им велам дека Новак ќе биде најдобриот тенисер на сите времиња и сè додека не го оствари тоа и ги сруши сите рекорди што остануваат , тој нема да престане да игра тенис “, рече Срѓан за РТС.
Новак заврши на второто место на АТП-листата оваа година, а исто така успеа да освои две титули на Гренд Слем - Австралија опен и Вимблдон.
„Постои многу долг список на квалитетни играчи, но тие се во линија зад Новак и демнат, десет години, да го симнат од првото место. Сега престолот го наследи Надал, но тоа е добро, тоа е спорт. Новак се појави во тешко време за Србија и српскиот народ, затоа што ја врати вербата и покажа дека не сме геноцидни луѓе, дека не сме најлоши во светот, дека сме дел од европската култура и цивилизација. Невозможно е еден таков господин спортист, како што е Новак, да доаѓа од некои геноцидни луѓе, како што многумина нè обележаа во минатото “, додаде тој.
Новак во минатото честопати се среќаваше со непријателска публика, особено на натпревари со неговите најголеми ривали, Федерер и Надал.
„Не можете да замислите колку му беше тешко Новак во вакви ситуации, но тој секогаш имаше храбаро срце и ладна глава, само тој знае како му беше. Замислете, тој е член на мала, горда нација од мала, сиромашна земја. Бомбардирани од овие светски „експерти“ за бомбардирање. Една мала Србија беше бомбардирана од 20 моќни земји, замислете какви се хероите. И тој се бореше со сето тоа и стана еден од најдобрите тенисери на сите времиња “, заклучи таткото на Новак.
Новак во моментов е во Мадрид со екипата на Дејвис Купот каде се очекува да игра натпревари во групната фаза против Јапонија и Франција.