Тажна слика од боксерската икона: Мајк Тајсон заврши во инвалидска количка
Престанал да боксува
поради болки во грбот, извесно време бил врзан за кревет, а сега се појавил во
инвалидска количка на аеродромот во Мајами и ги изненадил своите обожаватели
„Во последно време често се гледам во огледало и гледам некои дамки на лицето што не сум ги видел досега. Си велам дека сум при крај, дека наскоро ќе умрам“, изјави неодамна Мајк Тајсон (56) во својот подкаст Hotboxin' и ги загрижи обожавателите.
А новите фотографии кои дојдоа во јавноста не им го намалија стравот. Во нив Тајсон позира со обожавателите на аеродромот во Мајами, но во инвалидска количка.
Најмладиот шампион во тешка категорија во историјата на боксот веќе подолго време боледува од ишијас. Претходно Тајсон откри дека престанал да боксува поради болки во грбот, а од истата причина во 2020 година поминал две недели заглавен во кревет.
Неговиот „жесток“ и застрашувачки стил на бокс ги освои срцата на обожавателите ширум светот на крајот на минатиот век. На возраст од 20 години, четири месеци и 22 дена, тој стана најмладиот шампион во тешка категорија, а исто така беше и првиот во тешка категорија кој истовремено ги освои титулите ВБА, ВБЦ и ИБФ.
За силување помина три години во затвор, а покрај богатите договори од над 30 милиони долари за индивидуални тепачки и вкупно над 300 милиони заработени само од натпревари, во 2003 година банкротираше. Последниве години „застана на нозе“ што се однесува до финансиската страна на приказната, но во буквална смисла, во моментов тоа не го може ...
Фото: Профимедиа