Теа Таировиќ сега е бомба: На почетокот на кариерата изгледала потполно поинаку (ВИДЕО)
Со оглед на тоа што добиваше многу непримерни коментари, како и тоа што многумина ѝ се смееја, Теа никогаш не се откажала од својата кариера...
Атрактивната пејачка Теа Таировиќ каде и да се појави, предизвикува многу воздишки со својот изглед, но некогаш изгледала сосема поинаку.
Теа уште додека била средно училиште се пријавила за натпреварувањето „Ѕвездите на Гранд“, меѓутоа тогаш не се прослави многу.
Пејачката со првото појавување во медиумите предизвика внимание со својот изглед, но членовите на жирито не беа воодушевени од нејзините вокални способности.
Со оглед на тоа што добиваше многу непримерни коментари, како и тоа што многумина ѝ се смееја, Теа никогаш не се откажа од својата кариера.
По неколку години, пејачката повторно се појави во споменатото натпреварување и со големи чекори стигна до врвот.
Она што на многумина им падна во очи е тоа што Теа во текот на натпреварувањето изгледаше сосема поинаку.
Таировиќ тогаш беше русокоса, а и без корекции на лицето, па на прв поглед многумина не ја препознаваат.
Иако не освои некое високо место во натпреварување, судбината имаше поинаков план за неа. Со пејачот Шабан Шаулиќ ја сними песната „Од када тебе знам“ и од тогаш влезе во срцето на публиката.
Во јануари 2020 година ѝ се случи пресврт во кариерата кога ја објави песната „Хајде“, која за неа ја напиша Сања Вучиќ. Од тогаш започна нејзиниот вртоглав успех и стана кралица на бакшижот.
фото: Принтскрин / Инстаграм / Јутјуб