Технологијата во функција на заштита на здравјето
Пандемијата од коронавирусот Ковид 19 целосно го промени начинот на живот кој го познававме, но и функционирањето на бизнисот. Мерките на предострожност се неопходност, а се повеќе тие стануваат и обврска.
На новата состојба се адаприраат и компаниите кои исто така мора да го прилагодат работењето во согласност со мерките за заштита од коронавирусот. Во тој контекст технологија може многу да помогне. Пример за тоа се „Dahua“ термалните камери, кои нудат превентивно решение и за аеродроми, автобуски станици, училишта и други јавни објекти од сличен тип.
-Камерата детектира точна телесна температура. Доколку забалежи леца со покачена телесна температура над нормалната го обележува субјектот. Можат да мерат повеќе личности на растојание од 3 метри. Брз и безконтактен пристап. – велат од компанијата „Максипринт“, дистрибутер на „Dahua“ во Македонија.
Во функција на заштита од Ковид 19, граѓаните во земјата задолжително мора да носат заштитни маски на отворено и во затворен простор, а компаниите, установите и институциите треба исто така да преземат мерки на заштита на луѓето, дотолку повеќе што не се очекува брзо враќање на состојбите во нормала пред изнаоѓање на вакцина или соодветен лек.