Telekom Electronic Beats ви претставува: една вечер со Били Ајлиш во живо во Германија

Telekom Electronic Beats, заедно со добитничката на Греми и Оскар, Били Ајлиш, повторно ќе се поврзе со публиката во салата Телеком форум во Бон на 1-ви јуни, откако Били го најави својот прв европски настап во живо пред започнувањето на европскиот дел од нејзината светска турнеја „HAPPIER THAN EVER, THE WORLD TOUR“.

На ова специјално шоу, Били – една од најголемите ѕвезди коишто се појавија во 21 век – ќе настапи со нејзиниот брат ФИНИЈАС во седиштето на Дојче Телеком во Германија, каде што ќе отсвират песни од нејзиниот мулти-платинест првенец „WHEN WE ALL FALL ASLEEP, WHERE DO WE GO?, како и од нејзиниот втор албум „Happier Than Ever“, којшто ги освои светските топ-листи.

„Посебно е чувството кога настапувам на сцена и многу сум среќна што по толку долго време повторно ќе можам да се поврзам со моите обожаватели во Европа,“ вели Били Ајлиш.

Telekom Electronic Beats создава исклучителни културни моменти, сомоќта на технологијата и реалните животни искуства.Концертот во живо на Били во соработка со Дојче Телеком ги следи претходните кампањи „What We Do Next“ и „Project Futureproof“, чијашто цел беше да го прослават огромниот потенцијал на Генерацијата Z.

„Минатата година ја прославивме 20-годишнината од Telekom Electronic Beats, а додека светот продолжува да се соочува со предизвици, ние се надеваме дека нашата платформа ќе продолжи да помага во создавањето мирен и оптимистички поглед кон иднината“, вели Улрих Кленке,  Главен директор за бренд во Дојче Телеком.„Нашата Соработка со Били ни овозможи да оствариме една вечер на оптимизам со еден од најинспиративните таленти на нашата генерација“.

За Telekom Electronic Beats:

Од 2000 година, европската музичка програма Telekom Electronic Beats ги следи тековните еволуции на музиката, дизајнот, уметноста, модата и новите технологии.Практично не постои друг бренд чијашто иницијатива имала толку трајна и влијателна посветеност кон музичката култура.Проектот се фокусира на Web3 искуства, стриминг, аудиовизуелни содржини и настани во живо.

www.instagram.com/electronicbeats/

ПР објава