Телевизорот Samsung Neo QLED 2023 се здоби со сертификат за „Намалување на CO2“ од институтот Carbon Trust
• Сертификатот потврдува дека шест модели на Neo QLED 8K и Neo QLED 4K телевизори имаат намален јаглероден отпечаток во споредба со нивните претходници, податок кој се темели на отпечатокот на целокупниот век на траење на уредите.
• Како што Samsung постојано ги зголемува своите напори за одржливост, се очекува повеќе од 20 модели на телевизори да го добијат овој сертификат годинава.
Samsung Electronics објави дека шест модели од линијата Neo QLED 2023 се здобиле со сертификат за „Намалување на CO2“ од Carbon Trust. Оваа ознака се доделува на производ за кој ќе се докаже дека неговиот јаглероден отпечаток се намалува од година во година, што е потврда за напорите на Samsung да ја подобри одржливоста во текот на животниот циклус на производот.
„Задоволство е да се види дека оваа призната организација ја препознава мисијата за одржливост на Samsung и нашата постојана посветеност на создавање производи кои ја ставаат иднината на нашата планета на прво место“, изјави Секво Јонг, извршен потпретседател и директор на тимот за истражување и развој на отсекот за визуелни прикази во компанијата Samsung Electronics. „Како најголем производител на телевизори во светот, ја препознаваме нашата одговорност да бидеме пример и ќе продолжиме да ја користиме технологијата за да поттикнуваме позитивни промени“.
Carbon Trust е глобална климатска консултантска компанија основана од владата на Велика Британија со мисија да одговори на климатските промени и да ги намали стакленички гасови (GHG). Организацијата го пресметува јаглеродниот отпечаток при сертифицирањето со проценка на количеството на стакленички гасови испуштени¹ во текот на целиот „животен“ циклус на производот, почнувајќи од производство до изложување, врз основа на меѓународно признати стандарди. Значајно е што етикетата не ја зема предвид компензацијата на CO2.
Моделите на телевизори Neo QLED 2023 го добија сертификатот како признание за напорите на Samsung да ја намали тежината на производите и нивната потрошувачка на енергија во текот на фазата на употреба во споредба со нивните претходници. Шестте сертифицирани модели вклучуваат три Neo QLED 8K и три Neo QLED 4K екрани². Бидејќи Samsung се стреми да го прошири опсегот на овие напори, оваа година се очекува да добие сертификат за јаглерод отпечаток за повеќе од 20 модели во својата најнова линија на QLED, Crystal UHD и OLED телевизори, како и монитори и дисплеи за означувања.
Во 2021 година, Samsung Neo QLED стана првиот екран што доби сертификат меѓу телевизори со 4K и повисока резолуција. Следната година, 16 модели од линијата на Samsung за 2022 година, вклучително и 11 модели од линијата на телевизорите QLED, Crystal UHD и Lifestyle, како и пет монитори и дисплеи за означување, исто така беа сертифицирани.
Како глобален лидер за телевизори 17-та последователна година, одделот Samsung Visual Display Business продолжува да воведува еколошки свесни производи и практики во својата технологија за екрани што се користи во телевизори и монитори.
За повеќе информации за линијата на телевизори на Samsung за 2023 година, посетете ја официјалната страница www.samsung.mk
¹Carbon Trust ја започна програмата за сертифицирање „Carbon Footprint Label“ во 2007 година.
²Neo QLED 8K (75QN900C, 75QN800C, 75QN700C), Neo QLED 4K (75QN95C, 75QN90C, 75QN85C)
За компанијата Samsung Electronics Co., Ltd.
Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со идеи и технологии кои донесуваат тренсформација. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, уредите за носење, таблети, дигитални уреди, мрежни системи и меморија, LSI системи, леани и LED решенија. За најновите вести, посетете ја страницата на Samsung http://news.samsung.com
ПР - објава