Тесен фустан, но „пука“ деколтето: Георгина повторно е најсексипилната жена на светот

Убавата Георгина присуствуваше на доделувањето на наградите Глоуб Сокер 2024 во Дубаи.

Заносната Георгина Родригез беше заедно со Кристијано Роналдо на доделувањето на Глоуб Сокер наградите во Дубаи и по тој повод ги остави сите во сенка.

Георгина не отстапи од својот по малку предизвикувачки стил, па повторно гледавме мал фустан со огромно деколте. Овој пат изборот падна на црно, а фустанот имаше чипкани ракави кои на се‘ додадоа посебна нота.

Сепак, акцентот секогаш беше на нејзиното деколте, па скапиот накит што го избра, речиси никој не го ни забележа.

View this post on Instagram

A post shared by Georgina Rodriguez (@georginagio)

Георгина често привлекува внимание со облеката. Секогаш се труди да го почитува кодексот, но и да покаже со што располага.

Дури и кога е закопчана до вратот, сепак е невозможно да не се забележи, а Георгина знае како најдобро да ги истакне своите атрибути.

View this post on Instagram

A post shared by Georgina Rodriguez (@georginagio)


И ега не се нашминка премногу, само колку да ја истакне нејзината убавина, а не се сомневаме дека повторно сите имаа очи само за неа.


Фото и Видео: Инстаграм