Ти полни ги мрежите , а јас како и до сега секогаш ќе бидам тука за тебе: Панчо емотивно за трансферот на Елиф Елмас
Фантастичниот македонски фудбалер и репрезентативец пред некое време го напушти фудбалскиот клуб Наполи и стана дел од германскиот Лајпцинг.
Владимир Блажев познат како Панчо јавно му упати честитки и емотивно раскажа зошто толку многу го почитува и како спортист, но и како човек.
„Нема ништо почисто и поискрено кога си среќен за успехот на другите луѓе, а посебно за твој другар и се радуваш за него исто како за свој.
Дај Боже уште долго да прославуваме вака.
Толку сум горд на тебе што немам зборови да ги искажам. Од срце ти честитам за овој голем успех, за новото поглавје во твојот живот и кариера која е битна не само за тебе туку и за цела Македонија и за многу идни млади генерации на кои си им идол и на кој им докажуваш дека со макотрпна работа и посветеност невозможното станува возможно.
Ти полни ги мрежите , а јас како и до сега секогаш ќе бидам тука за тебе кога треба да се радуваме но и да тагуваме, бидејќи пред сѐ си ЧОВЕК со големо срце кои за жал се помалку ги има и ги среќаваме. Остани таков каков што си и радувај нѐ уште долго.
Einmal Leipzig, Immer Leipzig “