Тимот кој победува не се менува: Александар Јосифовски домаќин на Ѓорѓе Давид и Вера Мештеровиќ

Поранешниот учесник во музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, охриѓанецот Александар Јосифовски беше домаќин на регионалната ѕвезда Ѓорѓе Давид и водителката Вера Мештеровиќ.

Познато е дека Ѓорѓе Давид како член во жирито на „Гранд“ му беше ментор на Јосифовски додека се натпреваруваше.

Сребата во Охрид очигледно била плодна, со тоа што закажан е концерт на Ѓорѓе Давид и Александар Јосифовски во август. 

Инаку Мештеровиќ му е пи-ар на Ѓореѓе Давид во Македонија и тој секогаш има убави зборови за нашата поранешна манекенка.

„Вера е сериозен пи-ар кога е Македонија во прашање и која е мој менаџер за Македонија. Вера е некој кој ми беше најголем „брат“ кога ми се случи тој хорор во Македонија. Бидејќи Вера е некој што сакаше да дојде овде милион пати и да види како изгледа сето ова, јас и реков: „Спакувај се, те чека хотелот“, изјави Давид во една прилика.

Фото: Фејсбук