Титанот Мајк Тајсон се враќа во рингот: Еве кој ќе му биде противник

Се чекаше извесно време на ваквата одлука, но сепак се случи. Титанот го очекува повтрно враќање, но дали славно ќе заврши, ќе видиме.

Веста ја објавија руските медиуми од извори кои се блиски до евентуалниот противник на Мајк Тајсон, познатиот боксер Рој Џонс Џр.

Тоа ќе биде борба во осум рунди, ќе се одржи во САД и нема дилема дека ќе привлече огромно внимание.

Сите детали од договорот помеѓи двете страни се договорени. Официјалната објава на борбата би можела да се случи веќе оваа седмица, а борбата е закажана за септември.

Инаку, Рој Џонс Џр е некогашен шампион во четири различни категории. Има 51 година, а интересно е тоа што се пензионираше дури пред две години.

Џонс има и руски пасош кој го доби во оваа земја со цел да работи и заработува пари и да ги исплати долговите кои ги направи во САД.

Интересно е тоа што Џонс во 2003. година како ВБА првак во светот одби 40 милиони долари за борба токму против Тајсон, бидејќи сметал дека се прамалку пари.

Сепак, 17 години подоцна борбата би можела да се случи и сигурно е дека Џонс финансиски добро ќе пројде, бидејќи нема дилеми дека многумина нема да жалат пари, само повторно да го гледаат на дело легендарниот Мајк Тајсон.