Титулата најдобар измамник во историјата на фудбалот оди во Бразил
Еден бразилски фудбалер потврди дека е голем фолирант, изведувајќи салто напред за да извлече пенал за Сантош. Овој тим моментално е во тешка борба за опстанок и против тимот на Ред Бул Брагантино ги освои потребните три бода, со победа од два спрема нула. Марињо ги прејде противниците во дваесет и осмата минута, но најголемиот придонес за победата имаше во доцното продолжение.
Во овој дел од натпреварот играчот со број 11 беше во пробив по левата страна кога одбранбениот играч на Брагантина го иницираше контактот. Иако според денешните балетски стандарди ова сигурно би било казна, 28-годишниот фудбалер реши да го закова со игра. Тој на спектакуларен начин изведе салто во шеснаесетникот и успешно го доби обидот од белата точка.
Уругвајскиот играч, Карлос Санчез, застана зад топката и оваа прилика ја претвори во гол, запечатувајќи ги трите бода на овој натпревар. По овој меч Сантос се пресели на тринаесеттата позиција во бразилската Серија А и по 38 одиграни натпревари е пет бода над зоната за испаѓање.
Марињо, пак, може да има добри шанси за промена на кариерата и голем успех во гимнастиката, бидејќи ги докажа своите извонредни акробатски способности...
Marinho wasn’t sure that being clipped by the defender would win a penalty, so he does a full-on front flip to secure the bag #Santos #RedBullBragantino pic.twitter.com/ssaECzx43F
— Gilles (@_Grimanditweets) November 11, 2021