Стил // Совети
Тивко убивање, а треба гласен отпор: Родителите најавуваат бојкот на наставата поради загадувањето
- 18 Декември, 2019
Квалитено сме загадени. Први на сите светски листи. И тоа не еден, неколку македонски градови. Зар ќе оставиме ова така да помине? На сите се однесува!!! Не се дише!
Има повеќе акции на граѓани за борба против загадувањето, а сега и родителите на децата реагираат. Загрижени се поради енормната загаденост во цела Македонија и преку социјалните мрежи коментираат и се организираат за бојкот на наставата.
Тие се се’ поодлучни да ја бојкотираат наставата на нивните деца и да не ги носат во училиштата и градинките, со цел да го заштитат здравјето на своите најмили. Во многубројните објави и коментари на Интернет, родителите истакнуваат дека се револтирани поради непреземањето мерки од страна на надлежните за решавање на овој голем проблем.