Tobacco од Franck Boclet: Вака мириса луксузот

Tobacco од Franck Boclet е луксузен, префинет, привлечен и заводлив машки парфем. По многу нешта се разликува од другите парфеми, а најмногу поради интензитетот. Трае со часови па и денови.

Инаку, се отвора со ноти на тутун, слива и ѓумбир. Во срцето на овој примамлив, волшебен, елегантен и неодолив парфем се каранфилче, зрна тонка и кедар, додека основата на парфемот се состои од мешавина од ванила, бензоин и ноти на ветивер.

Наменет е за специјални прилики.