„Тој е млад дечко, 25 години, не ми се допаѓа кога некому нешто му се случува...“ Лепа Брена за камерманот кој падна врз неа на концетот: „Отидов веднаш кај него“

Пејачката во солзи жали за член на тимот.

Музичката ѕвезда Лепа Брена доживеа сериозна скршеница на ногата откако член на екипата паднал низ лифт на сцената и директно врз неа на концерт во Загреб.

Таа сега за прв пат откри детали и ја откри состојбата на камерманот по падот, а плачеше и по својот член на екипата.

Брена откри дека по тешката повреда „прашала да дознае во каква состојба е камерманот“, и дека дури откако дознала дека тој не е тешко повреден, решила да оди во болница.

- Ги замолив да ми кажат што се случи со камерманот, бидејќи бев многу исплашена за него. Тој е млад дечко, 25 години. Не ми се допаѓа кога нешто се случува со некој од мојот тим. Кога ми рекоа дека е добро, дека му се врти малку, но дека е сосема добро, реков „Дајте ми да се напијам, дозволете ми да се опуштам и да се смирам сега и однесете ме во болница“, открила Брена.

Таа откри и каков бил денот по операцијата, а како што изјавила од големиот шок спиела речиси два дена.

- По операцијата, кога се намали адреналинот, ми дадоа нешто да ме смири, бидејќи тоа беше таков шок. Спиев скоро цел ден и цела ноќ, а дури следниот ден некако се вразумив и станав свесна што може да се случеше и со мене и со него.

- Сè уште не можам да ја гледам таа снимка на која тој паѓа, а јас излегувам затоа што веднаш ми доаѓа да заплачам. Сега кога се сетив, тоа е болен момент за мене – изјави таа при гостувањето на „ЕкстраФМ“.