ТОП 3 совети кои ќе ви помогнат да ја освоите секоја девојка

Првиот чекор е најтежок, после тоа се е лесно..

Приоѓањето на девојка е веројатно една од најтешките и најстресните работи во животот. Мажите отсекогаш имале страв од приоѓањето на девојка, а главната причина за тоа е стравот од одбивање. Исто така, многу не знаат што точно треба да се направи во такви ситуации и како да ја започнат конверзацијата со личноста која за прв пат ја гледаат во животот. Некои се обидуваат да го искористат својот хумор, додека други користат „фори“ за да започнат разговор.

Во ваквата игра, нема правила, мора да користите се што имате на располагање за да остварите конверзација која ќе биде интересна. Секако, тоа некогаш ќе ви успее, а некогаш нема, па најважната работа од се е да бидете психички јаки и да покажете дека сте самоуверени. Ако вие сте сигурни во себе и ако не покажете страв, огромни се шансите дека ќе и се допаднете на девојката.

Еве неколку начини како да го направите сето ова:

1.  Загревање

Потребно е да се загреете и да се ослободите пред да и пријдете на девојката. Трчајте по улица, скокајте, разговарајте по пат со странци, правете се само за да се опуштите и така многу полесно ќе може да и пријдете на непознатата девојка.

2.  Одбивањето е добро

Најголемиот страв кај оваа ситуација е дефинитвно одбивањето, но тоа се смета за добра работа, бидејќи после одредено време вие ќе се навикнете на одбивање и ќе сфатите дека тоа е сосем нормална работа. На почетокот ќе ви биде многу тешко, но подоцна  ќе сфатите дека тоа е нормална реакција кај одредени девојки, а не пказател дека вие сте грди или непривлечни.

3.  Замислете си во главата дека вие веќе и се допаѓате

Ако и пријдете на девојката со верување дека таа е многу убава идека е над вашиот стандард, тогаш психички ќе бидете слаби и нема да успеете да ја освоите. Пријдете и со верување дека веќе и се допаѓате и ќе видите дека таа енергија ќе се пренесе и кај нејзе.