ТОП 3 вежби кои ги активираат сите мускули без употреба на тегови

Ако не сакате да вежбате со тегови или избегнувате да одите во теретана, тогаш ова се вежби за вас ...

Фитнес тренерот, Крис Хаира, повторно ни претстави нов видео клип во кој се прикажани најдобрите вежби за кои не е потребна употреба на тегови, кои можат да ги тренираат сите мускули во телото. Крис вели дека некои од овие вежби се доста тешки, но тие треба да бидат ваша мотивација и кога ќе го сторите тоа, ќе знаете дека вашето тело е подготвено за сите предизвици.

Овие вежби припаѓаат на групата вежби за телесна тежина, што значи дека ги правите само со помош на вашата телесна тежина. Крис вели дека овие вежби треба да бидат предизвици, бидејќи вашето тело ќе се навикне на тоа со текот на времето и затоа треба да пронајдете предизвици што дополнително ќе го активираат и заморат вашето тело.

Проверете го видеото каде се прикажанинајдобрите 3 вежби, но и варијациите кои ќе ви помогнат да ги совладате овие вежби и да ставите дополнителна тежина на вашето тело без употреба на тегови.