ТОП 5 - Најскапите брендови во светот се “потепаа“ кој да биде најбогат
Како и во минатото, Форбс направи истражување за најскапите светски брендови и оваа година ...
Според истражувањето на „Форбс“ врвот во најскапи брендови во светот го држи “Луис Витон“, со компаниска вредност од 23,6 милијарди долари. Покрај дизајнерската облека, овој бренд има свои колекции накит, додатоци и секако чанти и куфери.
Веднаш зад кралот на брендот, е модниот бренд „Гучи“. Богатството се проценува на 14 милијарди долари.
На третото место на списокот од истражувањето на „Форбс“ е францускиот бренд „Ермес“ вреден 6,18 милијарди долари, четвртото место му припаѓа на „Картие“ со 5,5 милијарди и петтото место и припаѓа на марката „Тифани“ вредна 5,16 милијарди долари.
Ова се првите пет, по што следат „Барбери“ вреден 4,34 милијарди долари, „Прада“ со 4,27 милијарди долари и Ралф Лорен со 4,04 милијарди долари.