Релативно нов, овој ароматично-дрвенест и безвременски машки мирис е дело на Карлос Бенаим, светски познатиот нос зад мирисите како што се Армани, Прада, Келвин Клајн и Ралф Лорен.
Мирисот се отвара со цитрусно овошје и мелен црн пипер што го боде носот, а потоа распукува со сексуални ноти кои привлекуваат на километри. Трае и мириса со денови. И шишето е крајно необично и луксузно. Гарантирано ќе биде иден класик.