Трагедија: Македонија ја зави во црно- се удави голманот Никола Даниловски

Голманот Никола Даниловски утрово во Охридското езеро е пронајден удавен, објави охридската полиција. 

24-годишникот беше член на ракометниот клуб Охрид, а според информациите од охридската полиција, телото било пронајдено кај местото Лагадин. На него немало траги од насилство, па засега не се познати причините за смртта. 

Даниловски изчезнат синоќа, откако не присуствувал на тренингот на Охрид и бил недостапен на телефон, а доцна во ноќта полицијата трагала по него. За жал, утрово е потврдено дека пронајденото тело во езерото е на младото момче.

Репрезентативниот голман потекнуваше од школата на Металург, ги бранеше боите на клубот од Автокоманда, кратко настапуваше и во Пелистер, а беше дел од младинските селекции на Македонија и доби неколку репрезентативни повици меѓу сениорите.

Поради трагедијата ќе биде одложен натпреварот на неговиот клуб, па вечерва нема да се одигра „езерското дерби“ меѓу Охрид и Струга.