Спорт // Спорт
Трајковски: Фаворити сме, не бегаме од тоа, ќе направиме се за победа против Бугарија
Македонската фудбалска репрезентација го одработи последниот тренинг пред утрешното заминување за Бугарија, на 2 јуни во Разград го играме првиот натпревар во новата сезона во Лигата на Нации.
Напаѓачот Александар Трајковски, херојот од Палермо, вели дека не бегаме од фаворитската улога.
„Сите мора да го дадеме максимумот. Ќе биде напорно, сепак сме ние професионалци, ќе мора да одиграме најдобро, имаме доста играчи, се игра на секои три дена. Мислам дека не сметаат за фаворити, се ставаме во фаворитска улога. Убаво е што имаме млади играчи, тие ќе се докажуваат, и се надевам дека ќе го дадат својот максимум, и ќе биде се во најдобар ред“ – вели Трајковски.