Трендсетерка во фокусот: Колку вредат очилата за сонце на Лила?

Ако некој може да се нарече трендсетер кај нас, тоа сигурно е водителката Лила Стојановска. И единствена е во тоа! Другите кои мислат дека се предводници на стилови од различни области, се нејзина бледа, лажна копија.

Според светски параметри, Лила можеби и е единствена вистинска ѕвезда кај нас која така вешто остава трага, што „запрашува“ се што ќе стигне. Многу промислено и паметно ја создава приказната за себе со години. Затоа и трае! Ниту е вулгарна ниту пренападна, ама многумина ги изненади и зачуди нејзината вообразеност која ја демонстрираше пред новинарите, кога даваше исказ за случајот „Рекет“.

Се' прави во точно пресметани интервали- кога да биде актуелна, кога да постира на социјаланите мрежи и кога да знае дека појавувањето само „ради реда“ е обична импровизација. 

Многу е зборувано за нејзиниот стил. Водечка фигура која доминира суверено со софистицираност и врвна естетика. Толку е способна да се облече добро, што и големите светски ѕвезди понекогаш „крадат“ од нејзината стилска приказна. 

Не е камелеон во облекувањето, таа е лавица која знае каде припаѓа модно. Со силокони или без (телото е нејзино, што сака може да прави) таа и тоа го прикажува на еден сосема пристоен начин. 

Покрај чевлите кои и се слаба страна, има многу очила за сонце. Скоро во секоја прилика ги носи. Тоа не се обични очила, туку крајно стилски воочливи и модерни, а одлично и прилегаат на нејзиниот лик. Ги комбинира на најразлични начини. Кај неа е битна големината, ама кога се во прашање масивните очила.

Скапи се, но бредираните очила за сонце од најпознатите дизајнери на денешницата не можат никогаш да бидат евтини, освен кога се во прашање „фејк“. Може да си ги дозволи овие луксузни додатоци. Една ѕвезда од калибарот на Лила би било смешно да нема вакви. Еве колку чини такво задоволство...

Н.Т.