Тренер на славните открива 3 супер здрави намирници: Ви даваат енергија, а една е одлична за слабеење
Еве 3 намирници кои ги зајакнуваат вашите мускули!
Меган Руп, поранешна танчерка која ги тренира Дакота Џонсон, Карли Клос и многу други ѕвезди, ги открива нејзините три омилени намирници пред тренинг кои ја зголемуваат енергијата. Тоа се чиа пудинг, морков и хумус и путер од кикирики.
„Сакам попладневна ужина од чиа пудинг направен со семки од чиа, бадемово млеко и боровинки“, изјави Руп за EatingWell минатиот месец.
Докажано е дека чиа семето го намалува крвниот притисок, се бори против воспалението, го поддржува слабеењето и ја зголемува енергијата благодарение на нивната хранлива комбинација на протеини, масти и влакна. Боровинките богати со хранливи материи се препорачуваат и за намалување на воспалението, за олеснување на обновувањето на мускулите и за борба против замор. Тренерката открива дека благодарение на чиа пудинг успеала да ја изгуби посакуваната тежина, пишува The New York Post.„Кога станува збор за изборот на најдобрата ужина пред тренинг, барам комбинација која обезбедува едноставни, нерафинирани јаглени хидрати за брзо гориво и мала количина на протеини, влакна или масти за дополнителна издржливост кoja ќе ве движи низ тренингот“, рекла во една прилика нутриционистката Кара Лидон за списанието Self.
„Морковите обезбедуваат едноставни јаглехидрати за брзо гориво, а хумусот е богат со влакна за да ви помогне после тренингот“, додаде таа. Конечно, Руп е обожавател и на добар путер од кикирики - популарна ултрамаратонска закуска преполна со протеини и здрави масти.