Тренинг против мамурлак кој ќе ве подигне од мртвите
Секако дека можете да го избегнете доколку ја намалите количината на алкохол, но тоа ретко се случува и сигурни сме дека многу од вас сакаат да се забавуваат со многу алкохол и помеѓу убаво друштво. Сепак, утрото после забавувањето знае да биде прилично тешко и неиздржливо. Тогаш сите прашуваат што да прават и како да го победат мамурлакот. Многу луѓе спасот го бараат во најразлични лекови, други пијат различни напитоци и јадат јака храна за да го елиминираат алкохолот.
Факт е дека алкохолот е тежок за елемиминација, но постои нешто што може да го направите и што може значително да ви ги намали тегобите. Одговорот лежи во тренингот кој ќе ве раздвижи и вас и вашата циркулација и кој ќе го отфрли алкохолот од вашиот организам.
Тренингот се состои од неколку фази и во секоја фаза има по две вежби. Сите вежби се прават во три сета и секој сет содржи 15 повторувања. Помеѓу вежбите се прави пауза од 45-60 секунди, а потоа си продолжувате со следната вежба.
Кога ќе ги завршите сите вежби, сами ќе се уверите дека ви е многу полесно и дека мамурлакот ви е скоро неосетен.
Оваа слика ви покажува кои вежби треба да ги правите.