Тројцата најбогати на планетата нема да платат данок, но видете какви куќи имаат
Тројцата јавачи на парите!!!
Секој од тројцата најбогати во светот на своето конто има над 100 милијарди долари. Можат буквално да прават што им душа сака.
Откако Елон Маск неодамна се пресели во Тексас, сега сите тројца најбогати луѓе на планетава живеат во американски држави кои не собираат данок на доход.
На почетокот на месецот, беше објавено дека Маск го напуштил својот дом во Калифорнија за да замине во Тексас, каде се гради новата фабрика на „Тесла“.
Најбогатиот човек на светот, Џеф Безос, кој има нето вредност од повеќе од 183 милијарди долари, живее во државата Вашингтон, Третиот по богатство, креаторот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, исто така живее во Вашингтон.
Тексас и Вашингтн се две од деветте американски држави кои не собираат данок на доход.. Останатите седум се Алјаска, Флорида, Невада, Њу Хемпшир, Јужна Дакота, Тенеси и Вајоминг, пишува Унилад.
Инаку, за Маск оваа година беше доста успешна. Неговот богатство е во пораст откако акциите на „Тесла“ растат. Пред четири дена, на 18 декември, неговите акции пораснаа за 6 отсто, поставувајќи највисоко ниво од 695 американски долари.
Во изминатите 12 месеци на својата нето вредност додаде повеќе од 127 милијарди долари. Според мислењето на Форбс, само неговата ракетна комапнија „Спејс икс“ сега се проценува на 46 милијарди долари.
Поседуваат вредни имоти насекаде, но еве каде живеат:
Џеф Безос
Неверојатниот имот со куќа изградена од поранешниот сопственик на „Ворнер брадерс“, која, наводно, била купена пред неколку месеци од најбогатиот човек на планетата, Џеф Безос, е, во најмала рака, неверојатен.
Во Лос Анџелес, поточно во луксузната населба Бел Ер, се простира имот на кој поранешниот сопственик на најголемата продуцентска компанија во светот изгради куќа за себе, која се продаде за неверојатни 195 милиони долари.
На имотот наречен Чартвел, има куќа направена во стилот на француски замок од 18 век, со гостинска куќа која има 5 спални соби, винарска визба, мебел, слики и скулптури купени на аукции...
Бил ГејтсОсновачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, е најбогатиот човек во Америка. Затоа не е изненадувачки што тој живее во таква екстравагантна куќа, изградена седум години, со 63 милиони долари. Бил ја нарекол куќата „Xanadu 2.0“, според ликот од филмот „Citizen Kane“. Неговата површина е 6.130 квадратни метри и е полна со современи уреди.
Сегашната проценета вредност на куќата е 123 милиони долари
Илон Маск
На Бел Ер, Лос Анџелес, купи вила вредна 24,25 милиони долари, што е негов петти имот во овој престижен дел од светот. Неговите вили на Бел Ер се прилично блиску една до друга, па се чини дека Маск сака да поседува цел дел од овој дел од светот. Сепак, овие вили ги продава или ги ордаде бидејќи не сака да живее во луксузни зданија. Но неговиот вистински дом е вила од 17 милиони долари што ја купи во 2012 година, а тоа е оваа.