У17: Две контролни средби со Црна Гора

Младата женска репрезентација на Македонија до 17 година на 21 и 23 февруари ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Црна Гора.

Контролните дуели ќе бидат одиграни на тренинг центарот „Петар Милошевски", во Скопје.

Првиот меч помеѓу Македонија и Црна Гора на програмата е на 21 февруари со почеток од 13. часот. Два дена подоцна се игра втората средба, со почеток од 11. часот.

Селекторот на младата женска селекција на Македонија до 17 години, Катерина Милеска за претстојниот предизвик се одлучи да ги повика следните фудбалерки:

Голмани: Мери Васева, Ведрана Комненова;

Одбрана: Мила Панева, Слаѓана Ѓорѓиева, Катерина Петкова, Ива Јовановска, Михаела Марковска, Кристина Крстева, Елена Љондевска;

Среден ред: Васка Василева, Никица Трендова, Теона Галабовска, Ангела Димчова, Рона Рустеми, Ева Величковска, Ангела Димчова, Рона Рустеми, Ева Величковска, Ана Боризоска;

Напад: Меланија Грозданова, Анастасиа Илиевска, Јована Павловска, Емили Митковска, Настасја Накова, Мелиса Димитриоска, Хана Бафтиари;