У18: Македонија ќе одигра два натпревари со Словачка
Младата репрезентација на Македонија до 18 години во ноември ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Словачка.
Првиот контролен дуел ќе биде одигран на 16 ноември, три дена подоцна на програмата е втората контролна пресметка помеѓу овие две селекции.
Натпреварите ќе бидат одиграни на градскиот стадион во Штип.
Селекторот на репрезентацијата на Македонија до 18 години, Тони Јакимовски, за претстојните контролни средби, се одлучи да ги повика следните фудбалери:
Голмани: Давид Стојановиќ (Македонија Ѓ.П.), Љупчо Џеков (Академија Пандев), Или Зибери (Шкендија);
Одбрана: (Вардар), Андреј Аризанковски (Победа), Даниел Марковски (Хелсенборг, Шведска), Абиола Бамијоко (Сампдорија, Италија), Хадис Таири (Охрид), Димитар Порчу (Вардар);
Среден ред: Адриан Зенделовски (Малме, Шведска), Кире Стојанов (Академија Пандев), Дино Михолов (Брегалница), Фикрет Ливорека (Скопје), Теодор Николовски (Работнички), Лорик Мухтари (Либек, Германија), Лорик Каба (Шкендија), Дестан Адили (Работнички), Алтин Нурединовски (Вардар), Умерфарук Сулејман (Шкупи);
Напад: Хакија Цановски (Сент Гален, Швајцарија), Александар Богдановски (Работнички);
Собирот на репрезентацијата на Македонија до 18 години е закажан на 15 ноември, во 10 часот пред тренинг центарот на ФФМ.