У18: Македонија поразена од Романија на втората контрола

Младата репрезентација на Македонија до 18 години забележа пораз на втората контролна пресметка против соодветната селекција на Романија.

Во вториот меч, домаќинот, Романија на тренинг центарот Буфтеа победи со 2:0.

Головите беа постигнати во последните 10 минути од мечот.

Македонија преку Митров ја имаше најсериозната шанса за гол на овој дуел.

Првиот контролен натпревар помеѓу овие две селекции заврши нерешено 1:1.

МАКЕДОНИЈА: Давид Стојановиќ, Давид Даиловски, Марко Стојилевски, Даниел Марковски, Кире Стојанов, Зани Назифи, Адриан Зенделовски, Алекс Митров, Теодор Николовски, Абиола Бамијоко, Фикрет Ливорека;

Селектор: Тони Јакимовски;