У19: Две нерешени средби со Кипар
Двата пријателски натпревари кои нашата женска репрезентација до 19 години ги одигра во Кипар завршија со нерешен резултат.
На првиот натпревар одигран на 15. февруари во Ларнака нашите репрезентативки одиграа со резултат 2-2, стрелци на головите за македонската репрезентација беа Лора Сулејмани и Јехона Велиу.
На денешниот натпревар немаше голови и заврши со резултат 0-0, иако можеме да жалиме за пропуштената можност за победа заради поништениот гол.
„Овие два натпревари беа одлична можност да се провери квалитетот на играта и подготвеноста на играчите во пресрет на квалификацискиот турнир на кој ќе бидеме домаќини во април. Сметам дека имаме капацитет да прикажеме добра игра во квалификациите, како и дека ваквите подготвителни натпревари се од исклучителна важност особено за младите фудбалерки.“ - изјави Астрит Мерко, селектор на женската репрезентација до 19 години.