У21: Македонските надежи одиграа нерешен осо Кипар на гости

Репрезентацијата на Македонија до 21 година денеска го одигра првиот контролен натпревар во Кипар против домашната селекција.

Во интересен натпревар со многу возбудувања и неискористени шанси, Македонија и Кипар одиграа нерешено 1:1.

Избраниците на селекторот Драги Канатларовски може да жалат за пропуштената победа. Во 85. минути од мечот, Андреј Стојчевски имаше прилика да и донесе победа на Македонија, но не успеа да реализира удар од 11 метри.

Младите репрезентативци на Кипар дојдоа во водство со голот на Христодолу во 41.минута. 

Македонија израмни во 66.минута со голот на Илиевски, откако претходно убаво му асистираше Тодоровски.

Во првото полувреме, голманот на репрезентацијата на Македонија до 21 година, Марко Алчевски одлично го бранеше нашиот гол, имаше три извинредни интервенции.

На 22. ноември, младата репрезентација на Македонија ќе го одигра вториот контролен натпревар против соодветната селекција на Србија.

Македонија: Марко Алчевски, Андреј Стојчевски, Стефан Деспотовски, Алекс Златков, Берат Калкан, Марио Илиевски, Лука Станковски, Александар Ѓурковски, Виктор Крстевски, Иван Николов, Бехар Фета;

Селектор: Драги Канатларовски;