У21: Младата репрезентација закажа дуел со Хрватска
Репрезентацијата на Македонија до 21 година во периодот од 21 до 26 септември ќе учествува на контролен турнир што ќе се одржи во Хрватска.
Покрај нашата селекција, учество ќе земат и репрезентациите на Албанија, Саудиска Арабија и домаќинот Хрватска.
Место на одигрување на контролните натпреварите ќе биде Свети Мартин на Мура.
Првиот натпревар го играме против Албанија на 23. септември.
На 26. септември дополнително ќе биде утврдено која од селекциите на Хрватска и Саудиска Арабија ќе биде нашиот следен противник.
Новата генерација на Македонија до 21 година во јуни месец одигра два контролни меча на домашен терен против селекцијата на БиХ. На двата натпревари избраниците на селекторот Драги Канатларовски забележаа победа со 2:1 и 1:0.
Собирот на репрезентацијата на Македонија до 21 година е закажан на 18. септември во хотел Парк.