У21: Шведска прв противник на фудбалерите, Холандија во Скопје на 12 септември

Денеска во Нион, Швајцарија се одржа ждрепката на која беа извлечени групите во рамките на квалификациите за пласман на ЕП што ќе се одржи 2025 година во Словачка.

Младата репрезентација на Македонија се наоѓа во групата Ц и за противници ќе ги има селекциите на Холандија, Шведска, Грузија, Молдавија и Гибралтар.

Избраниците на селекторот Драги Канатларовски во првото коло ќе се соочат со незгодната селекција на Шведска на гостински терен.

Комплетен распоред на натпревари на Македонија до 21 година за пласман на ЕП 2025:

Шведска - Македонија    (8 септември 2023)

Македонија - Холандија (12. септември 2023)

Молдавија - Македонија (17. октомври 2023)

Македонија - Грузија       (16. ноември 2023)

Македонија - Гибралтар  (21. март 2024)

Македонија - Шведска     (26. март 2024)

Холандија - Македонија  (5. септември 2024)

Гибралтар - Македонија  (9. септември 2024)

Македонија - Молдавија  (11. октомври 2024)

Грузија - Македонија       (15. октомври 2024)