Учиш во костим за капење? Атрактивната Ким Кардашијан откри каде и како учи за правосудниот испит

Ким Кардашијан скоро секојдневно ги почестува следбениците и јавноста со нови фотографии и детали од нејзиниот живот. Овој пат, неочекувано и малку чудно риалити ѕвездата откри како учи. Таа има голема желба да стане адвокат, а треба да полага правосуден испит следната година.

Кардашијан сега објави фотографии од нејзиниот луксузен дом. Позираше во костим за капење, а пред неа имаше книги, лаптоп и хартии.

„Учење на сонце“, напиша атрактивната Ким до провокативните фотографии.


Некои од нејзините следбеници ја коментираа нејзината фигура, а други се шегуваа за начинот на нејзиното учење:

„Како Ел Вудс“, „Ова е знак дека треба да се вратам на училиште“, „И јас учам вака облечена“, се само некои од коментарите.

„Учиш во костим за капење? Никогаш не сум изгледала така над книга", и напишаа.

Следбениците беа изненадени што Ким носеше сандали од модната марка Yeezy, сопственост на нејзиниот поранешен сопруг Кание Вест.

„Повеќе не сте заедно и ги носиш неговите чевли? прашаа нејзините придружници, но Ким не одговори на провокациите.


Фото: Инстаграм