„Уф, многу е подобра од жена ми“: Луѓе ги откриваат причините за изневерување, а во сè се вмешани поранешните партнери
За многу парови разводот не секогаш значи крај
Паровите кои се оствариле како родители обично остануваат во контакт, а има и такви кои градат пријателски односи. Сепак, необично е кога паровите продолжуваат да имаат сексуални односи, а чудно е само ако бившиот изградил нов живот со друга личност.
Зошто сè уште спијам со бившиот?Многумина ги откриваат своите тајни - од сопругот што ја изневерува бремената сопруга со бившата, до мажот кој имал тројка со поранешната сопруга и нејзината колешка. Луѓе од целиот свет открија зошто не ставиле точка на врската која официјално е завршена. Со објавувањето на апликацијата за анонимни исповеди „Whisper“, многумина, меѓу другото, признаа дека нивниот поранешен е едноставно подобар во кревет од нивниот сегашен партнер.
Една жена рекла дека нејзиниот поранешен сопруг повторно се оженил, но тие ретко имаат односи, па тие двајца се уште се гледаат, а сексот им е фантастичен. Наспроти неа, маж од Флорида признава дека продолжил да биде интимен со поранешната сопруга, која повторно се оженила и на која ѝ служи само за секс, додека сè уште негува емоции кон неа.
Една жена од Северна Каролина признала дека се плаши да се препушти на други луѓе, па најсигурна опција ѝ е да продолжи да се гледа со својот поранешен партнер.
- По разводот, јас и мојата поранешна сопруга го имаме најлудиот секс досега. Да беа работите вака добри пред две години, никогаш немаше да заминам - изјави еден корисник на апликацијата.
Еден Англичанец опиша како едноставно со поранешната сопруга има секс, без никакви обврски, бидејќи таа е подобра во кревет од неговата сегашна сопруга. Друг маж, кој живее во Висконсин, признал дека упорно ја „бркал“ поранешната сопруга, додека неговата сопруга била бремена.
- Мојот сопруг ги користи посетите на нашата ќерка за да има секс со мене, и повторно да бидеме заедно, а кога тоа ќе се случи повторно ме изневерува и секој пат ме остава - напишала една Канаѓанка.
Исто така, лице од Тексас тврди дека никогаш немал подобар секс од оној со неговата поранешна девојка.
- Имав секс со мојот поранешна, 15 години откако имавме гаден развод. Иронично, тоа беше најдобриот секс што сум го имал во животот – напишал тој.
извор:najzena