Угледен кардиолог советува: Им ги забранив овие 9 намирници на луѓето кои многу ги сакам!
фото:Shutterstock
Со цел срцето да биде здраво, многу е важно да се обрне внимание на исхраната и да се грижиме за начинот на живот и навиките.
Пред сè важно е да се ослободите од сè што може да има штетно влијание врз најважниот мускул во телото, а познатиот кардиолог Дејвид Агус откри кои 9 работи им ги забранил на луѓето кои ги сака!
Помфрит
На 100 грама пржени компири има 9 грама транс масти, кои не се супстанца од природно потекло, но производ од повеќекратно загревање на растителните масла. Транс мастите го покачуваат холестеролот во крвта и така го зголемуваат ризикот од болести на кардиоваскуларниот систем.
Црвено и преработено месо
- Шницлите, меленото месо и сланината штетно влијаат на срцето. Бактериите од системот за варење абсорбираат аминокиселини од црвеното месо, што покренуваат цел ланец на реакции кои на крајот го покачуваат нивото на холестерол и ризикот од срцеви болести.
Пржена храна
Термичката обработка на висока температура создава голема количина транс масти, кои се едни од главните виновници за проблемите со срцето. Во Кина каде месото обично се пече или вари, срцевите заболувања се помалку чести.
Пица
Само едно парче пица содржи 10 грама масти, од кои 4,4 грама се заситени маснотии. Ако не можете да се откажете од пица, ограничете се само на едно парче неделно, и тоа нека биде пица од зеленчук.
Бел леб
Редовното конзумирање храна богата со јаглени хидрати како бел леб, го зголемува ризикот од срцеви болести. Високиот глихемиски индекс го покажува нивото на шеќер во крвта, па на таа основа научниците се сомневаат дека ова е еден од честите први фактори кои доведуваат до срцев удар.
Корнфлекс
Тоа се брзи јагледни хидрати кои се преполни со шеќер и прават инсулинот во телото да подивее.
Сол
Вишокот сол во телото предизвикува оштетување и затнување на крвните садови. Дневно не би требало да се изеде повеќе од 5 грама сол (неполна лажичка).
Инстант супа
Како и многу други преработени производи, инстант супата содржи голема количина сол, која го покачува нивото на ризик од срцеви болести и мозочен удар. Личностите кои јадат инстант супа 2-3 пати неделно имаат многу поголем ризик од кардиометаболички синдром, кој го зголемува ризикот од срцеви болести, дијабетес и мозочен удар.
Енергетски пијалаци
100 ml енергетски пијалок содржи 30 mg кофеин. Ако испиете 300 ml, што е стандарно пакување, ќе внесете 90 mg кофеин, што е како да сте испиле 3-4 еспресо кафиња. Толкава доза кофеин може да предизвика тахикардија, а притоа сите вида на овој пијалок никако не се препорачуваат за луѓе кои имаат било каков проблем со срцето.
извор:stil.kurir.rs