Уринарни инфекции препознавање на симптоми и третман

Уринарните инфекции почесто ги погодуваат жените, а за тоа постои и објаснување. Непосакуваните бактерии лесно влегуваат во женскиот мочен меур, поради пократкиот мочен канал. Инфекцијата најчесто се јавува кај девојките кои штотуку започнале со сексуални односи и кај жените во менопауза. Симптомите на уринарната инфекција се чувство на притисок во мочниот меур, пецкање при мокрење, заматена урина и крв во неа, покачена температура и болки во долниот дел на стомакот. Доколку ги имате овие симптоми, почнете што побрзо да ги лекувате, затоа што подолгото одложување може да доведе до тоа бактериите да влезат во бубрезите и да предизвикаат поголеми компликации. Повеќе од 90% од сите уринарни инфекции се предизвикани од бактеријата Ешерихија коли, која природно се наоѓа во вашите црева. Оваа бактерија е како бумеранг, па често и по третирањето знае бргу да се врати, со што конвенционалните лекови често ја губат битката бидејќи телото се навикнува на нив.

Инфекциите на уринарниот тракт се почести кај жените отколку кај мажите бидејќи кај жените уретрата е пократка, рамна и широка и поради тоа бактериите полесно може де преминат во мочниот меур. Отворот на уретрата кај жените е во близина на вагината и дебелото црево па со тоа е изложен на поголем број микроорганизми. Поради истата причина, и кај децата девојчињата почесто заболуваат. Кај жените, исто така, почести се и воспаленијата на мочниот меур или циститис, а кај мажите почесто е воспалението на уретрата или уретритис. 

Уринарните инфекции се лекуваат со антибиотици според наодот кој го покажува антибиограмот на уринокултурата. Антибиотиците ги напаѓаат бактериите и ја олеснуваат нивната елиминација, но нивната честа употреба носи одредени ризици, како дијареја и појава на резистентни соеви. Најчесто користени антибиотици се Фосфомицин, Флуорокинолони, Цефалоспорини. Во борбата против уринарните инфекции ефикасни се билни лекови и диететски суплементи. Може да се земаат паралелно со антибиотската терапија, а најпрепорачливи се како превентива. Д-манозата на пример, е едноставна молекула на шеќер што се среќава во растенија како што се боровинки, брусници, праски, портокали и јаболка, и кој 30 години се користи за природен препарат за отстранување на E.Coli од уринарниот тракт. Токму благодарение на Д-маноза, брусницата е ефикасна во лекувањето на уринарни инфекции. Потребната дневна доза е 2 гр. која во комбинација со пробиотик (Saccharomycesboulardii) за само неколку дена ја лекува инфекцијата предизвикана од Ешерихија Коли. Д-манозата е апсолутно безопасна и може да ја користат бремените жени, децата и дијабетичарите.

Др.Влатко Ристов – специјалист уролог

ПР објава