Уште една филмска ѕвезда во Белград: Едуард Монтут објави фотки и снимки од Калемегдан

Уште една филмска ѕвезда се пофали дека е во Белград. Тоа е Едуард Монтут, ѕвездата на филмот „Такси“. Францускиот актер пристигна во српската престолнина со своето семејство, а како што пишуваат едиумите во соседтсвото, дошол да снима филм.

Едуар го искористи времето за да ги посети знаменитостите на Белград, меѓу кои и Калемегдан. Судејќи по објавените фотографии, тој го посети местото на белградската тврдина каде што се наоѓа споменикот Победник, како и Воениот музеј и се сликаше пред тенковите. 

- Па, како што велат: Србија е убава; но знаат да ве разберат дека не треба премногу да се мешате, имаат многу одговори - напиша Едуард.

Тој ги посети и кошаркарските игралишта во Калемегдан, каде што направи снимки.

View this post on Instagram

A post shared by Edouard Montoute (@edouard_montoute)


Едуард Монтут е познат по улогата на Алан Трезор, еден од ретките полицајци кои останаа во истата полициска бригада во Марсеј во филмот „Такси“. Да потсетиме, Белград го посетија и Даниел Крег, Кејт Хадсон и Едвард Нортон, кои исто така снимија филм токму во соседна Србија.


Фото: Инстаграм/ Едуард Монтут