УШТЕ ЕДНА КОШАРКАРСКА ТРАГЕДИЈА: Загина МАКЕДОНСКАТА ЛЕГЕНДА
Легендите си одат, но остануваат...
Во сообраќајна несреќа, загина македонската кошаркарска легенда, Благоја Георгиевски – Буштур.
Според неофицијални информации, сообраќајната несреќа се случила во скопската населба Кисела Вода, поточно кај сервисот „Скендеровски“.
Возејќи изгубил контрола над возилото, најверојатно заради дождливиот коловоз, но и неприлагодената брзина. Излетал од патот и удрил во бетонските блокови поставени покрај булеварот.
Полицијата го истражува случајот и во текот на денот се очекуваат повеќе информации.
Буштур беше еден од најпопуларните македонски кошаркари во историјата. Најголемите успеси ги оствари во дресот на Работнички.
Почина на 69 години. Работеше и како селектор на Македонија и тренер на МЗТ Скопје, како и претседател на стручниот совет на МКФ.