Вака зборува тој кој ја почитува и цени својата сопруга!-Мажи, земете пример од Никола Јокиќ! (ВИДЕО)
„Наталија работи 24 часа на ден!
Вака зборува маж кој ја почитува и цени својата сопруга!
Никола Јокиќ секогаш со многу почит и нежност зборува за Наталија, мајката на нивното дете и жената која од првиот ден, низ целата кариера, била и останала покрај него.
Момци, треба да земете пример од Јокиќ, а што кажува тој за неговата сопруга погледнете во видеото подолу.
Кариерата на Никола Јокиќ повеќе од десет години ја поддржува неговата сакана од средношколските денови, Наталија.
Двојката почнала да се забавува за време на средното училиште кога Јокиќ сè уште живеел во Војводина.
„Ми се допадна на прв поглед, но откако се запознавме бевме само пријатели половина година“, изјави еднаш Јокиќ.
Кога таа заминала за Америка, тој бил уништен
Сопругата на Јокиќ, Наталија, прва отишла во Америка, да студира. Според некои српски медиуми, Јокиќ бил скршен од нејзиното заминување. Сепак, тој брзо ѝ се придружил и никогаш не се разделиле.
Двојката се венча во 2020 година, а една година подоцна ја добија ќерката Огњена. Јокиќ го опиша раѓањето на неговата ќерка како најважниот настан во неговиот живот. Наталија често објавува семејни фотографии на Инстаграм, а интернетот го обожава Јокиќ.
фото: инстаграм принтскрин