Вакцина за коронавирусот: Американците веќе ја тестираат на луѓе
Иако борбата беше голема и кој прв ќе започне со тестирање на вакцини против коронавирусот, сепак Американските научници започнаа со тестирања на новата вакцина, а ќе учествуваат 45 здрави волонтери.
Сиетел, односно истражувачкиот центар во тој град е местото на случувањето. Вакцината содржи безопасен генетски код ископиран од вирусот што ја предизвикува болеста. Експертите велат дека ќе бидат потребни неколку месеци пред да се знае дали вакцината, како и други кои се развиваат, ќе функционираат.
Вакцините за вируси вообичаено се прават од ослабнат или убиен вирус, но вакцината мРНА-1273 не е добиена од вирусот што го предизвикува КОВИД-19. Место тоа, таа вклучува краток сегмент на генетски код ископиран од вирусот, што научниците успеале да го направат во лабораторија.
„Оваа вакцина користи веќе постоечка технологија. Направена е според многу високи стандарди и оние што ќе учествуваат во тестирањето ќе бидат постојано набљудувани“, изјави д-р Џон Трегонинг, експерт за заразни болести од Лондонски кралски колеџ.