Ваква куќа немате видено: Секој ден изгледа различно
Еднокатната структура на „Огледало“, наречена е така затоа што го отсликува околниот пејзаж и се спојува со неа, е покриена од горе до долу со огледала. Структурата ќе остане во планините уште една година, „да се рефлектира и да комуницира со планинскиот пејзаж за време на променливите сезони“, пишува dezeen.com.
„Посетителите можат да се вратат тука со промена на сезоните - во есен во бура или во лето, кога е зелена ливада. Како што се менуваат нашите животи, така се менува и нашата перцепција “, вели авторот.
Внатрешноста е исто така покриена со огледала, создавајќи калеидоскопски скршен ефект.
Најимпресивно нешто околу целата инсталација е како се справува со природата. Луѓето тоа го гледаат поинаку во зависност од тоа каде стојат, каков дел од денот е, како изгледа времето.